Кластер во семејство во Кичево: Зголемен бројот на новозаразени - граѓаните несериозно ги сфаќаат апелите

Последните неколку дена во благ пораст е бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, при што пред три дена Општината беше лидер по бројот на нови случаи на болеста во земјава. Таа бројка на новозаболени се повторува и денеска, кога во Кичево се регистрирани четворица позитивни од 14 тестирани граѓани-потврди за МИА доктор Неџат Балажи.

– По неколкудневна стагнација, бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево е во благ пораст. Така, денеска од 14 тестирани граѓани четворица се позитивни и од 10 лица кои се снимија на ренген кај три лица наодот е позитивен. Во градот е појавен кластер во едно семејство, каде бројот на новозаболени е причина за овие показатели. Граѓаните премногу несериозно ги прифаќаат апелите од Владата, да се придржуваат на мерките да не се групираат и во затворен простор задолжително да носат маски, вели Балажи.

Тој истакна дека во ковид-центарот се хоспитализирани тројца пациенти и со денешните новозаболени кои најверојатно ќе бидат примени на лекување нивниот број двојно ќе се зголеми.

– Поради благиот пораст на новозаболени се очекува денеска дијагностицираните  да бидат примени во ковид центарот на натамошно лекување. Тројцата претходно примени пациенти се на кислородна подршка, но се надвор од животна опасност, додава докторот.

Тој појасни дека во Здраствениот дом во полн ек е ревакцинација на граѓаните кои претходно се вакцинирале со кинеската вакцина на „Синофарм“ и досега се ревакцинирани оклоу 400 пацинети од 700 колку што ја примиле оваа вакцина. 

14.06.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега