„Кјуриозити“ пронајде траги од пресушено езеро на Марс

Минералите што ги идентификувал  Кјуриозити на Црвената планета  упатува на можноста дека на тоа место некогаш се наоѓало езеро со слаба соленост и неутрални пХ вредности, што се поволни за развивање на живот.

НАСА тврди дека кратерот на северната страна на Црвената планета  некогаш бил под големо езеро во кој бил можен животот на микроби и дека слатководното езеро постоело околу 100.000 години во центарот на кратерот Гејл, околу 90 милји долга формација која настанала со удар на метеорит пред 3,7 милијарди години.

Резултатите од примероците на карпите кој ги ископал  Кјуриозити  открил присуство на фини минерали на глина , кои се формираат во езерски води.

„Присуството на овие минерали покажуваат дека веројатно бола свежа вода, што значи дека постоеле услови за развој на животот на микробите“, рекол Садџев Гупта, геолог од Кралскиот колеџ во Лондон и еден од членовите на научниот тим на  Кјуриозити.

10.12.2013 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега