Ќучук: Досега не сме виделе предлози за реформа на преговарачкиот процес

Новоизбраниот известувач за Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук смета дека оние кои предлагаат реформа на преговарачкиот процес на ЕУ треба да понудат јасни и конкретни предлози, и признава дека досега такво нешто не е понудено. 

-Сите говорат за таа реформа, но никој не видел и не анализирал каква ќе биде таа реформа, вели Ќучук во интервју за МИА, прво од неговото назначување за известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент. 

Тој смета дека е нејасно за какви други критериуми за преговарање може да се зборува, имајќи предвид дека актуелните се јасни, а одлуката а не се отворат преговори со Македонија лично ја смета за разочарувачка, но има надеж дека е можно да има силна, консолидирана европска позиција пред Самитот во Загреб која ќе даде јасна насока за Северна Македонија и останатите земји од регионот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега