Ќосето: Супер ми е со другарчињата во Шутка, немам пари за до Велес оти не крадам

Обвинетиот Горанче Ангеловски Ќосето, кој беше осуден на казна затвор од 12 години, рече дека нема да бара да се брани од слобода, бидејќи во затвророт во Шуто Оризари му е добро и оти нема пари да се врати за Велес.

„Супер ми е со другарчињата во Шутка и така немам пари да се вратам во Велес оти не сум крадел“, рече со смеење Ќосето и изјави дека „нема други прашања“.

Обвинетиот Јане Ченто, претседател на патриотското здружение „Пере Тошев“, за предлогот за определување притвор до правосилност на пресудата рече дека се двоумел дали да бара да се брани од слобода. Рече дека нема да бара да се брани од слобода.

„Не се плашам од затвор. Вие нè осудивте, историјата ќе нè ослободи. Да живее Република Македонија“, рече Ченто кој беше осуден на 15 години затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега