Ќерката на славниот актер: Бев силувана, абортирав и се борев со зависноста

Клара Матилда Мекгрегор, ќерка на славниот холивудски актер Јуан Мекгрегор, призна дека е силувана, дека имала абортус и дека долго време се борела со зависноста од дрога, а сето тоа имало ужасни последици по нејзиното ментално здравје.

„Страдам од серија депресија уште од својата четврта година. Одам на терапија уште од дете, и многу сум среќна поради сè што направија психотерапевтите за мене. Работев многу на себе и продолжувам да работам. Мојата анксиозност ме спречи да го живеам животот што го посакував. Анксиозноста е како кафезот што ме зароби и јас сè уште се обидувам да излезам од него. Пиев лекови и лекарите ми помогнаа, ми рекоа дека не мора да живеам така и тие се во право“, започнала таа, додавајќи дека потоа паднала во зависност од апчињата, од кои таа сега е чиста точно 110 дена.

– Толку многу се срамев од својата зависност, анксиозност и депресија. Се обвинував за злоставвуањето што ми се случи. Се обвинував себеси за модринките, посинетите очи, силувањата и напади од страна на мажите. Ова го споделувам искрено со надеж дека ќе им помогне на другите да се чувствуваат помалку осамено. Минатата година се борев со анксиозноста, да останам трезна, да се справам со депресијата, бев во насилна врска и доживеав абортус. Беше тоа тешка година “, открила Клара.

 

„Им благодарам на оние кои ми помогнаа во најмрачните времиња. Знаете кои сте“, напишала таа.

Да потсетиме, Клара во моментот не е баш во добри односи со нејзиниот татко Хуан, кој во 2017 година ја изневери нејзината мајка по 22 години брак, со која има уште три деца, и започна нов живот со својата колешка Мери Елизабета Винстед.

Оваа 23-годишна девојка ѝ порача јавно на љубовницата на нејзиниот татко дека е „ обично ѓубре“, но страстите во меѓувреме стивнаа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега