Ќерката на Доналд Трамп на шопинг во Белград

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, пристигна во Белград, а според пишувањата на српските медиуми таму ќе престојува околу 11 дена.

Најмладата ќерка на американскиот претседател синоќа со друштво со музика се забавувала на Скадарлија.

Тифани, која студира право и се занимава со манекенство, била во придружба на своето момче Мајкл Булос, кој живее во Велика Британија.

 

Тифани и Мајкл планираат да останат во српската престолнина 11 денови, пренесува „Прва ТВ“.

Денеска околу 10 часот ќерката на Трамп го напуштила хотелот каде што е сместена во друштво на двајца пријатели. За да се сокрие од папарацо фотографите ставила качкет, но не го криела доброто расположение и не ја тргала насмевката од своето лице. После кратка прошетка седнала во еден ресторан за да се освежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега