Вчера во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Објавена листата на најскапи градови – ѕирнете на кое место е Скопје
- Трамп оптимист за мирот: Се случуваат многу добри работи во преговорите за Украина
- Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите
- СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
- Млада скопјанка уапсена среде ноќ
- Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
- Двајца повредени во руски напад врз патнички воз во регионот Харков
- Уапсен е македонски државјанин баран за три убиства

