Ќебап за работникот, бифтек за власта – синдикалците од КСС запалија скара пред Влада

 

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје.

Маршот го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од 80% што го овозможи Уставниот суд.

-Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, барање подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори, рече Зоран Антовски од КСС.

Синдикалците ниту оваа година не беа обедините. Протестот на Сојузот на синдикати на Македонија е закажан точно напладне.

01.05.2023 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега