Ќе врне цел месец: Какво време не чека на почетокот од пролетта

 

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 17:15 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

 

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути,  а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде облачно со краткотраен дожд.

Пролетта ќе трае до 21 јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.

Не дека дождот не е одлика на пролетните денови но ако ги прегледаме прогнозите, на онаа вистинската пролет со прекрасни сончеви периоди и пријатни температури, очигледно ќе мора да се почека.

По температурите кои се далеку под просекот оваа недела и кои може да донесат и снег во четврток, од наредната недела не чека затоплување но од дождот тешко дека ќе се спасиме.
Некаде кон крајот на последната недела од март се очекува да видиме и некој сончев ден со температури близу 20 степени. Слично време ќе се задржи и во првата недела од април во која кон крајот ќе настапи дестабилизација која ќе донесе врнежи од дожд кои ќе траат скоро цел месец со мали прекини.
Разведрување и температури над 23 степени се најавуваат дури на крајот од април.
Секогаш треба да имате предвид дека ваквите долгорочни прогнози не даваат прецизни податоци туку само насоки какво време треба да очекуваме.

 

 

 

20.03.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега