Ќе ви биде од корист да знаете: За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата

 

Компјутерите станаа нераскинлив дел од нашето секојдневие, но и неизоставен дел од работата на одредени професии.

Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, тогаш ние го имаме одговорот кој го баравте.

F1 – го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм.

F2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката.

F3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент.

F4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец.

F5 – Овозможува освежување на страницата или документот.

F6 – Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи.

F7 – Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд.

F8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.

F9 – Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук.

F10 – Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик.

F11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите.

F12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд.

 

 

 

13.04.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа