„Ќе се убиев ако татко ми загинеше“ - српската водителка после експлозијата на нејзиниот автомобил на лекови

 

Полицијата се обидува да влезе во траг на бомбашите кои поставиле пеколна направа под автомобилот на водителката и актерка Маријана Мичиќ, а истрагата е усмерена во повеќе правци. Водителката е во целосен шок непрекинато пие лекови за смирување.

-Би се убила ако нешто му се случеше на татко ми - им рекла Маријана на своите пријатели, која од несреќата и понатаму не може да се соземе.

Откако му била санирани повредите на нејзиниот татко, бил пуштен на домашно лекување, а цело време со него се ќерката Марија и синот Милан.

Она што беше истакнато од експертите е дека тоа што летнал во воздух по експлозијата било за негово добро и го спасило.

-Истрагата води во повеќе правци. Покрај таткото на Маријана и братот, кој го возеле често автомобилот, не се отвфрла можноста дека мета била и самата Маријана. Една опција е дури и дека некој сакал да го убие таткото на водителката за да ѝ се одмазди за нанесена болка, но тоа треба да се потврди. Исто така, не се исклучува можноста дека бомбата е ставена по грешка на тој автомобил - велат од полиоцијата.

 

 

 

18.10.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега