Ќе се спасиме ли од дождот - Ни доаѓа и снегот

 

Времето ќе биде променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од еден до девет степени.

Во Скопје умерено облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 07:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега