Ќе се формира хеликоптерски систем за итна медицинска помош и спасување

 

Ѓорѓи Филипов е именуван за координатор на Меѓународната група експерти за трговски марки, имиња и други облици на интелектуална сопственост која треба да работи заедно со колегите од Грција за постигнување заемно прифатливи решенија во однос на прашањата од Преспанскиот договор.

Ова го соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа, информирајќи за одлуките на Владата од последната седница.

Хоџа рече дека на седницата е усвоена Информацијата за потребата од потпишување меморандум за разбирање меѓу Министерството за финансии, Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија и Меѓународната финансиска корпорација.

– Меморандумот ќе се потпише утре за време на годишните средби на Холандската конституенца на Групацијата на Светска банка и ММФ. Меморандумот ќе биде платформа за подобрување на конкурентноста на фирмите во креирањето додадена вредност во лесната индустрија во земјите од ЈИЕ, како и поттикнување на нивното вклучување во синџирот на добавувачи на еврозоната и регионот, нагласи портпаролот.

Владата на последната седница го донесе и новиот текст на Решението за формирање комисија за спроведување постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за современа модерна организација – хеликоптерски итен медицински систем и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување.

Одговорајќи на новинарски прашања, Хоџа рече дека Владата ќе го разгледа отвореното писмо доставено од група уметници за избор на нов директор на МКЦ и уште денеска, ако тоа го стори, ќе ја информира јавноста.

Во врска со протестот на родителите од Средното училиште „Орце Николов“ поврзан со средношколските уписи, Владата, истакна Хоџа, е отворена за разговор и подготвена да ги прими. Се очекува тие уште денеска да имаат средба со владини претставници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега