Ќе патувате? - Еве кои патишта се магливи и проблематични

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места. 

Поради појава на магла, видливоста е намалена на следниве патни правци: Штип - Неготино од 10 до 20 метри, Тетово - Јажинце до 30 метри, Дебар - Струга, Битола и Охрид до 50 метри, Куманово - Крива Паланка и Прилеп од 50 до 100 метри, Куманово - Свети Николе од 70 до 100 метри, Кочани - Виница - Берово од 80 до 100 метри, Дебар - Маврово, Тетово - Скопје, Тетово - Гостивар и Тетово - Попова Шапка до 100 метри и Македонски Брод до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 16.12.2013 година извршена е времена измена на режимот на сообраќај на автопатот А-1 Куманово-Скопје, поточно од исклучок за клучка Рафинерија, до исклучок за Скопје кај клучка Миладиновци, во должина од 2000 метри, поради изведување работи на пат (геодетско мерење), при што сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента во правец на Скопје.

За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 започнаа геодетски активности за што е воведена времена измена на режим на сообраќај и за истата е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014 г. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.

Патниот правец Р2 332, Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

10.01.2014 - 08:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега