Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини.
Во Општина Чаир, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат жителите од улица „Чаирска“.
Прекини се најавени и во Општина Сопиште:
„Во период од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од Горно Соње, поточно улиците број ‘7’ и ‘9’.“
Екипите на ЕВН ќе работат на терен со цел подобрување на мрежата во овие региони.

