Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку населени места во општините Илинден и Карпош денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со струја.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во општина Илинден без струја ќе бидат:

  • Корисниците од улицата 27 во Белимбегово во периодот од 08:30 до 15:00 часот.
  • Дел од улица 2 во село Кадино (потегот кон црквата Св. Илија) во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Прекин е најавен и за општина Карпош, каде во периодот од 11:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Љубљанска.

Exit mobile version