Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, одредени населени места во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија.
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека прекинот започнува од 9 часот.
Корисниците кои ќе бидат засегнати од овој прекин се:
- Жителите на Горно Нерези во Општина Карпош.
- Жителите на селата Глуво и Мирковци во Општина Чучер Сандево.
Според најавите, електричната енергија се очекува да биде повторно вклучена во 15 часот.

