Поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.

Во општина Центар, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат корисниците од улицата „Наум Наумовски Борче“ бр. 65, како и околните станбени објекти.

Во општина Аеродром, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“, поточно во близина на училиштето „Димитар Македонски“.

Прекините се по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Exit mobile version