Албанскиот премиер Еди Рама денеска не успеа физички да допатува во Брисел поради проблеми со авиокомпанијата, но реагираше преку платформата Х во врска со Извештајот на Европската комисија за неговата земја.

Во извештајот ЕК го оценува континуираниот напредок на владата „Рама 4“ кон членството во ЕУ, но повикува темпото на реформите да биде сеопфатно и непрекинато.

Во својата објава, Рама нагласува дека ќе направат сè што е потребно Албанија конечно да се најде како рамноправен член на масата на ЕУ:
„Да, го направивме тоа и ќе направиме сè што е потребно за конечно да седнеме како рамноправни на масата на ЕУ. Ајде да продолжиме, да одиме напред, заедно“, напиша Рама.

Премиерот ја сподели и објавата на еврокомесарката Марта Кос, која истакна: „Албанија постигна невиден напредок. Овој извонреден резултат е јасен доказ за силната политичка посветеност на Албанија и јасните европски аспирации на албанското општество“.

Инаку, Рама се приклучи на Самитот за проширување на Европа преку видео конференција, кој е важен за дијалогот меѓу ЕУ и Западен Балкан околу иднината на проширувањето.

Exit mobile version