Ќе наполнеше 39. години - На денешен ден му беше роденден на Тоше

Македонскиот ангел Тоше Проески кој трагично го загуби животот во сообраќајка кај Нова Градишка, да беше жив денеска ќе полнеше 39. години.

Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации. Пред сѐ, посета и почит пред неговото вечно почивалиште на Гумење. По шестнаесети пат ќе биде организирана и голема крводарителска акција која е посветена на нашиот голем хуманист. Традиционалната акција е во знак на одбележување на неговиот роденден.

Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.

Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.

Инаку сестрата на Тоше, Дора секоја година за роденденот на Тоше прави и негова роденденска торта, па така лани на неговиот роденден на социјалната мрежа Инстаграм објави слика од торта украсена со детелина со четири листа, која симболизира на среќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега