„Ќе го тужам секој кој ќе ме спореди со Меган“ – Кејт револтирана донела нова одлука

На големо се анализира постапката на Кејт Мидлтон која тужела еден магазин.

Имено, минатиот месец беше објавена статија за војвотката Кејт во магазинот „Tatler“ , поради која семејството поднесе тужба, а во неа беа објавени детали од нејзиниот однос со остатокот од семејството кои во последно време се почесто се анализираат.

Експертот за кралски семејства, Данкан Ларкомби зборувал за оваа ситуација.

Споменатата статија која ѝ засметала на војвотката поради која одлучила да го тужи магазинот, истакнала неколку факти за нејзиниот однос со Меган Маркл, а тоа на Кејт посебно ѝ засметало.
Анонимен извор близок на семејството открил дека на Кејт ѝ е преку глава од спoредување со Меган, која повеќе не е дел од нивното семејство.

Откако покренала тужба против споменатиот магазин, Кејт донела одлука.

„Ќе го тужам секој кој ќе ме спореди со Меган“, била одлуката на војвотката од Кембриџ.

Според зборовите на Данкан, Кејт силно посакува да ги запре постојаните споредувања помеѓу неа и Меган и смета дека медиумите отишле предалеку.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега