„Ќе ги протераме кредиторите и неонацистите“ - продолжува антифашистичкиот протест во Грција

Продолжуваат масовните штрајкови во Грција. Двата најголеми синдикати во земјата повикаа на масовно учество на антифашистичките собири што ке се одржат во Солун и Атина против неонацистичката партија Златна зора, по убиството на раперот Павлос Фисас од страна на нејзин приврзаник.

Протестот се организира истовремено со штрајкот против мерките за штедење и отпуштањата на државните службеници, додека во Атина се водат преговори меѓу Владата и „тројката“  за исплата на следната транша од една милијарда евра во рамки на финансиската помош за Грција.

Илјадници Грци вчера излегоа на улиците во сите поголеми градови во земјата, извикувајќи „Ќе ги протераме кредиторите и неонацистите“.

Властите побараа од политичарите, пратениците и партиските активисти да приложат докази во врска со започнатата истрага за дејствувањето на Златна зора, со цел оваа политичка партија да биде изолирана и забранета.

 

25.09.2013 - 09:40

најчитано сега