Кинезите едвај дочекаа-Туристичките локации преполни, а епидемиолозите предупредуваат: „Пандемијата не е ниту блиску до крајот“

Голем број на луѓе ги окупираа туристичките места ширум Кина за време на празничниот викенд и покрај предупредувањатана здравствените експерти дека пандемијата со коронавирусот не е завршена.

Фотографија направена на 4 април во планинскиот парк Хуангшан во провинцијата Анхуи прикажуваат илјадници луѓе, од кои многумина носат маски, но сите се многу блиску едни до други. Сите сакаа да поминат време на отворено по друг период на забрани за патувања и строги мерки за карантин.

Гужвата била толку голема што во 7 часот и 48 минутио паркот го достигнал својот дневен капацитет од 20.000 посетители, па не можеле да примаат повеќе луѓе.

Во меѓувреме, шеталиштето Бунд покрај реката Ханпу во Шангај беше преполно со туристи со оние кои решија да одат на шопинг. Ова шеталиште беше целосно празно пред неколку недели. Многу од рестораните што беа затворени сега повторно работат, а некои од нив бараат резервации пред да влезат

Слична беше и ситуацијата во Пекинг каде луѓето излегоа на отворено во парковите.

Враќање во секојдневието следеше после повеќе од три месеци, откако беше откриен коронавирусот во кинескиот град Вухан. Вирусот се прошири во целиот свет каде се заразени повеќе од милион луѓе во светот, а животот во Кина речиси беше прекинат за да се спречи ширење на вирусот.

Во екот на пандемијата, секојдневно се пријавуваат илјадници нови заболени во Кина. Сепак, во последните неколку недели, ширењето на вирусот значително забави. Денес Кина објави само 32 нови заболени, при што сите се вратени од странство. До денес, 81.708 лица се заразени во Кина, а 3.335 луѓе починале.

Додека владата го укинува рестрикциите, здраствените експрети повикуваат на претпазливост.

Главниот кинески епидемиолог на центарот за контрола и превенција од болести вели дека падемијата во Кина се уште не е завршена.

„Пандемијата во Кина не е ни близу до крајот, само влезе во друга фаза“ рекол тој.

По објавување на фотографиите, властите испратија јасна порака до туристите да не се собираат во толку голем број.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега