Кинескиот милијардер го киднапирале во сопствениот дом: Син му препливал река и повикал полиција

Основачот на најголемиот светски произведувач на домашни апарати. Мидеа груп,  Хе Сијанжан бил спасен откако како заложник го држеле напаѓачи кои влегле во неговата куќа, јавуваат кинеските медиуми.

Полицијата соопштила дека во неделата вечерета примила дојава дека дошло до ограбување во куќата во Фошан, недалеку од Хонг Конг, како и дека пет осомничени лица биле уапсени.

Во соопштението на полицијата се наведува само презимето на жртвата, но неколку кинески портали објавиле дека станува збор за 78-годишниот милијардер.

Неговиот син, успеал да избега од дома за време на киднапирањето и да преплива река за да успее да повика полиција која навела повикот го примила во нешто помалку од 5 часот.

Од Мидеа Груп на социјалните мрежи се заблагодариле на полицијата, но не потврдиле дека Хе бил жртва на злосторството, информира АП.

Хе е четвртата најбогата личност во Кина, а според податоците на групата Хурун рипорт неговото богатство вреди 25 милијарди долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа