Кинески и руски авиони влегоа во одбранбената зона на Јужна Кореја

 

Јужна Кореја денеска подигна борбени авиони откако два кинески и шест руски авиони влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на земјата (КАДИЗ).

Во соопштението се наведува дека кинеските бомбардери Х-6 неколку пати влегувале и излегувале во Кадиз, пренесува „Ројтерс“.

Неколку часа подоцна, како што е соопштено, тие повторно влегле во областа од правец на Јапонското Море заедно со руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери ТУ-95 и ловци СУ-35.

Според извештаите, авионот не го нарушил воздушниот простор на Јужна Кореја.

30.11.2022 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа