Кина: Воздушната патрола со Русија ја зајакнува соработката меѓу земјите

 

Заедничките патроли на кинеските и руските воздухопловни сили сакаат да ја зголемат меѓувоената соработка меѓу двете земји, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

„Ваквите стратешки патроли се организираат за тестирање и подигање на нивото на интеракција меѓу двете земји, за зајакнување на меѓусебната доверба и зајакнување на практичната соработка“, рече кинеската страна по маневрите што ги извршија руските и кинеските воздушни сили над морето пренесе ТАС С.

„Активностите не се насочени против трето лице и не се поврзани со актуелната меѓународна и регионална ситуација“, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

25.05.2022 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега