Кина: Успешно спроведен тест за пресретнување проектили

 

Кина соопшти дека тестот за пресретнување проектил од средна линија бил успешно извршен.

Во кусото соопштение на Министерството за одбрана се наведува дека тестот бил од одбранбен карактер и не претставува закана за ниеден народ, пишуваат агенциите.

Сепак, анализираат дека тестот беше спроведен во време на ескалација на тензиите во Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Конфликтот за Тајван, веројатно, би значел вмешаност на САД, кои се главниот извор на оружје на Тајван, пишуваат мнедиумите во светот.

Додаваат дека Кина исто така е во спор со Филипините, Виетнам и други околу Јужното Кинеско Море. Покрај тоа, тие ѝ даваат поддршка на Русија во инвазијата на Украина, иако не помогнаа финансиски.

Не се објавени дополнителни детали за денешното тестирање, стои во новинарските извештаи.

20.06.2022 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега