Кина стави во карантин регион од 640 илјади луѓе

Кинескиот регион Јиа кој е населен со 640 илјади луѓе е ставен во карантин, откако беа регистрирани новозаболени од коронавирусот.

Оваа информација потврдува дека Кина сè уште не го победила коронавирусот и дека со укинувањето на карантинот ризикува да ѝ се врати инфекцијата и да дојде до нов бран на епидемија.

Главен проблем за кинеските здравствени власти е факот што ниту еден од заразените, засега, не ги манифестира досега познатите симптоми од коронавирусот,поради што е невозможно навремено откривање и дијагностицирање на болеста.

Во изминативе денови, бројот на заболени и заразени случаи од коронавирусот во Кина повторно се зголеми. Изминативе два дена се регистрирани вкупно 100 новозаболоени, соопшти кинеското министерство за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега