Кина спроведе ново истражување во своја корист: Не сме ние, Италија е виновна за коронавирусот

Кина користи студија за рано, скриено ширење на коронавирусот во Италија со цел да ја отфрли цврсто втемелената претпоставка дека азиската држава е „родното место“ на пандемијата.

Кинеските власти се повикуваат на нова студија која сугерира дека заразата можеби се ширела во Европа уште во септември минатата година – три месеци пред да биде потврдено дека се шири во кинескиот град Вухан, пренесува “Times of London”.

Азиската држава исто така претходно ја анализираше ситуацијата во Шпанија, како и дел од американската армија, за која тврди дека вирусот го донела во Вухан во октомври минатата година за време на одржувањето на Светските воени игри.

Кинеските државни медиуми сега силно го поддржуваат тврдењето на студијата дека заразата веројатно започнала во Италија, а не во Кина.

„Ова уште еднаш покажува дека барањето на извор на вирусот е сложено научно прашање кое треба да им се препушти на научниците“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Чао Лиџиан.

Најновата студија од Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажува дека вирусот Ковид-19 во Италија започнал да циркулира на почетокот на септември 2019-та година, а главен автор на студијата е познатиот научник Џовани Аполоне.

Светската здравствена организација исто така призна дека постои можност „вирусот тивко да циркулирал на некое друго место“, пред да биде откриен во кинескиот град Вухан, кој и натаму се смета за епицентар на заразата.

Меѓутоа, многу научници се скептични во врска со италијанската студија, а исто така многумина тврдат дека сето тоа не го исклучува фактот дека коронавирусот потекнува од Кина.

„Знаеме дека Кина го одложуваше прогласувањето на епидемијата, така да не се знае кога таму точно има започнато. Кина има многу силни комерцијални врски со северна Италија“, изјави Џовани Аполоне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега