Кина потврди прв случај на зараза со редок сој на птичји грип

Кина потврди прв случај на зараза со редок сој на птичји грип. Заразен е 41-годишен маж, но се верува дека сојот Х10Н3 не се пренесува лесно од човек на човек.

Случајот, како што јавуваат медиумите, бил откриен минатата недела, а заразениот во меѓувреме оздравел и е пуштен од болница.

Постојат многу соеви на птичји грип и повремено се случува луѓе кои работат со живина да се заразат.

„Во светот не се откриени случаи на зараза со Х10Н3. Ова е пример на повремено пренесување на вирус од живина на човек и ризикот од големо ширење е крајно мал“, соопшти Националната здравствена комисија на Кина.

Светската здравствена организација додаде дека во моментов нема назнаки дека има пренесување на вирусот од човек на човек.

Последното сериозно ширење на птичји грип се случи во 2016 и 2017 година, кога од сојот Х7Н9 починале околу 300 луѓе.

 

 

02.06.2021 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега