Кина: Компанија планира да започне тестирање на вакцина во форма на спреј за нос во октомври

Кинески производител на вакцини, во октомври има план да започне големо испитување на кандидати за вакцина против Ковид-19 во форма на спреј за нос, според записникот за регистрација на клинички испитувања.

Вчера, овој кинескиот регистар објави податоци во кои е наведено дека, компанијата има намера да ангажира околу 40.000 возрасни субјекти за третата фаза ова ова клиничко испитување.

Предвидено е, возрасните да примат две дози со растојание од две недели од потенцијална вакцина или пацебо.

Карактиристично е дека етичкиот комитет на Филипините ја одобрил студијата.

А Портпаролот на Пекинг Вантаи рече дека регистрацијата не значи дека компанијата официјално ја започнала третата фаза од клиничкото испитување.

23.09.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега