Кина ја прекинува соработката со банките во Северна Кореја

САД ја поздравија одлуката на кинеските државни банки за прекин на соработката со една банка од Пјонгјанг која тргува со девизи.

Специјален претставник на САД за Северна Кореја Глин Дејвис рече дека не е извесно дали официјален Пекинг со оваа одлука ја променил својата политика.

Меѓутоа, тој истакна дека одлуката на кинеската Влада е особено интересна. Тој додаде дека одлуката на кинеските банки да ја прекинат соработката со Пјонгјанг им дава надеж дека нуклеарната криза во Северна Кореја наскоро би можела да биде завршена.

Исто така е соопштено дека Бенк оф Чајна минатата седмица ја прекинала соработката со севернокорејската банка за надворешна трговија. 

најчитано сега