Ким Кардашијан заработува повеќе од Инстаграм отколку по сезона од шоуто

Ким Кардашијан се прослави благодарение на „Keeping up with the Kardashians“, а голем број фанови неодамна ги изненади веста дека по 14 години шоуто се гаси.

-Никогаш не сме мислеле дека ќе ја снимиме втората сезона, а снимивме 20. Едноставно ни треба пауза, едноставно е. Ни треба време да се прегрупираме, објасни Ким во едно интервју.

Ким вели дека од една објава на Инстаграм заработува повеќе од цела сезона од шоуто.

-Без шоуто не би можеле да бидеме тоа што сме денес и поради тоа го продолжувавме, но, реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме многу повеќе од цела сезона од шоуто, вели Ким.

Според ТМЗ, кланот Кардашијан-Џенер во 2017 година потпишал договор за дополнителни пет сезони за 150 милиони долари.

Нивната мајка Крис Џенер откри дека заработката се дели на рамномерни делови меѓу сестрите, а кога ќе се одбијат 10 отсто од заработката која ја добива Крис, како нивна менаџерка, тоа значи дека секој член на семејството добива околу 4,5 милиони долари по сезона.

Ким оваа година се најде на четвртото место најплатени инфлуенсери во светот. Страницата „Hooper HQ“ вели дека Ким заработува 858.000 долари по спонзорирана објава. Судејќи според тие податоци Ким не заработува иста количина пари како од една сезона, но не е далеку од тоа. Нејзината сестра Кајли заработува нешто помалку од милион евра по објава, нејзината цена е 986.000 долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега