Ким Кардашијан и Канjе Вест се откажаа од брачно советување

Неодамна во светот одекна веста дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест се разведуваат. „ Mirror“ пишува дека Ким се обидела да најде заеднички јазик со нејзиниот сопруг, па на еден момент се решиле да побараат помош од брачен советник. Сепак, не се одлучиле за таков чекор, бидејќи Канје сметал дека веќе нема смисла.

 

Покрај тоа, раперот контактирал адвокат за да поднесе барање за развод. Странските медиуми пишуваат дека е прашање на време кога парот јавно ќе го објави распадот на бракот. Ким не заостанува многу зад Канје, па и самата преговара со адвокат за развод.

„Тие едноставно не се на иста бранова должина кога станува збор за нивната иднина и за децата. Ким сака да им се посвети на децата и да остане со нив, а Канје ќе живее во Вајоминг. Тој не планира да се врати во Лос Анџелес за да биде со нив“, изјави близок извор на парот за странските медиуми.

„Ким знае што сака со својот живот. Таа сака да продолжи да живее во Лос Анџелес, да создаде најдобар живот за децата и да се фокусира на работата. Нивната љубовна приказна е одамна завршена. Тие се обожуваа еден со друг, но се премногу различни“, додаде изворот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега