Ким и Кање во трка за Белата куќа: Познато колку плати раперот за да се појави на ливче во Оклахома

Американскиот рапер и сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест, платил 35.000 долари за да се кандидира како независен кандидат на претседателските избори во Америка.

Неговото име ќе се појави на гласачките ливчиња во сојузната држава Оклахома, пренесува "Guardian", и покрај насловите во американските медиуми дека се откажал од трката за Белата куќа. 

Во Оклахома, како што пренесуваат американските медиуми, успеал да го фати крајниот рок за кандидатура, додека во неколку важни држави тој рок изминал. Според тамошниот закон за кандидатура во Олкахома потребно е да собере повеќе од 35.000 потписи или да уплати 35.000 долари. Во Колорадо, на пример, Канје има рок за собирање на 5.000 потписи до 5-ти август, или можност да уплати 1.000 долари.

Вест е еден до тројцата независни кандидати, кои уплатиле пари за појавување на изборите, а во конкуренција се уште и пијанистот Џејд Симонс и бизнисменот Брук Пирс.

Вест својата кандидатура ја најавил на 4-ти јули, а наводното несогласување со политиката на Трамп го обелоденил кога во интервју за "Forbes" рекол дека "ја трга црвената капа" со натписот "Да ја направиме Америка повторно голема".

Популарниот рапер својата верзија на Белата куќа, како што наведува, ја замислува по примерот на филмот "Црниот пантер".

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега