Ким го зафркна цел свет: И покрај забраните има 300 лимузини поскапи од на Трамп и Путин заедно

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и покрај санкциите за Северна Кореја да набавува луксузни возила, го зафркна цел свет со својот возен парк од 300 автомобили.

Имено, светските медиуми пишуваат дека Ким и покрај забраните немал проблеми да набави луксузни возила, па така неговиот возен парк е поголем и побогат од оној на Трамп и Путин заедно.

Има многу оклопни возила од Европа со кои јасно се гледа дека санкциите се прекршени.

Во тек е истрага за автомобилите меѓу кои ролс ројс, мерцедес, лексус, на име на Ким.

- Ова е голем проблем, бидејќи ако Северна Кореја покрај санкциите може да набави без проблем толку големи и луксузни производи, тогаш треба на се да се прави детална проверка, вели Грифитс од Обединетите Нации, кој ги надгледува санкциите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега