Ким Џонг- Ун го прослави роденденот, но останува мисетријата колку години полни

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера официјално го прославуви својот 35-ти роденден. 

По тој повод „Sputnik International” објавил пет интересни факти за него. 

Роденденот на првиот човек и понатаму е една од најголемите мистерии на светот – некои податоци од севернокорејските медиуми укажуваат дека тој е роден во 1982 година, јужнокорејските власти сметаат дека е роден една година подоцна, додека американското Министерство за финансии објавило податок дека Ким дошол на свет на 8-ми јануари 1984 година. 

Ким е голем љубител на кошарката и пријател на поранешната ѕвезда на НБА, Денис Родман.

Toj сам се потстрижува бидејќи ниту еден фризер не се осмелува да го прави тоа.

По историскиот состанок на Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во мај минатата година, јужнокорејските новинари врз основа на неговата облека истражувале колку тој е всушност висок. Сметаат дека неговата висина е 162,5 центиметри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2019 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега