Ким Џонг-ун ги забрани фармерките, странските филмови и сленгот во Северна Кореја

Северна Кореа неодамна воведе нов закон со кој се обидува да се потисне какво било странско влијание, строго казнувајќи ги сите оние што кај себе имаат странски филмови, странска облека или ако зборуваат на сленг.

Севернокорејката Јун Ми-со за Би-Би-Си раскажала дека кога имала 11 години првпат видела како властите егзекутираат човек, бидејќи тој имал јужнокорејска драма со него. Неговата егзекуција морала да ја следи целото соседство.

„ Ако не, тоа ќе се сметаше за предавство“, изјави таа за Би-Би-Си.

„ Никогаш нема да го заборавам тоа. Се уште ги гледам неговите солзи како течат. Тие му ги врзаа очите, но завојот беше целосно натопен со солзи. Тоа беше трауматично за мене. Го ставија на клада и го врзаа, а потоа го застрелаа”, додаде таа.

Замислете дека сте во постојана блокада, без Интернет, без социјални медиуми и со само неколку телевизиски канали кои се под строга контрола на државата – тоа е животот во Северна Кореја, пишува Би-Би-Си.

И сега лидерот на таа земја одлучи да отиде чекор подалеку и воведе нов закон против таканаречената „реакционерна мисла“. Секој што е фатен со голема количина на видеоматеријал од Јужна Кореја, САД или Јапонија се соочува со смртна казна, а оние што гледаат такви снимки се соочуваат со затворска казна од 15 години.

Неодамна, Џонг-ун напиша порака преку државните медиуми во која ја повика Младинската лига да преземе нешто против „индивидуалистичкото, антисоцијалистичко однесување“ меѓу младите. Сега сака да ја спречи употребата на странски изрази, фризури и облека за кои рече дека се „опасни отрови“.

Политичките аналитичари сметаат дека севернокорејскиот лидер се обидува да ги запре надворешните информации што доаѓаат до луѓето во Северна Кореја, бидејќи животот во земјата станува сè потежок. Тие веруваат дека милиони луѓе гладуваат, а Џонг-ун ги храни сè построго со државната пропаганда.

Макфакс

07.06.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега