Километарскa колoна возила на албанско - грчката граница


Километарски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред преминот Какавија на албанско – грчката граница.

Станува збор за албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај, но по највата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест, побрзале да се вратат назад во Грција.

Во врска со ваквата ситуација реагираше шефот на државата Илир Мета кој побара од Владата под итно да превземе неопходни мерки.

Длабоко сум загрижен за состојбата на албанските граѓани кои продолжуваат да бидат заглавени со часови на граничниот премин Какавија,сериозно изложени на ризик од ширење на пандемијата Ковид-19. Ја повикувам Владата и Министерството за Европа и надворешни работи под итно да воспостават контакти со грчката страна, да ги преземат сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата. Решението мора да биде веднаш!, стои во реакцијата на Мета.

Во меѓувреме припадниците на полициски службениви од Ѓирокастро, специјата единица „Шќипоња“ и сообраќајната полиција на илјадниците заглавени граѓани им делат шишиња со вода.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега