Вулканот Килауеа повторно оживеа, исфрлајќи лава на висина од повеќе од 330 метри во својата 36-та епизода од тековната серија ерупции. Новата активност започнала во неделата наутро и траела речиси пет часа, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).

Серијата ерупции започна на 23 декември 2024 година, објави ABC News, а моменталната ерупција е ограничена во рамките на Националниот парк „Хавајски вулкани“.

Во сила е портокалова тревога, што значи дека ерупцијата е во тек или многу веројатна, но без значајно исфрлање на пепел.

Во една од претходните епизоди, на 17 октомври, лавата достигна рекордна висина од 450 метри, а според USGS, тоа била највисоката фонтана од лава забележана досега.

Потенцијалните опасности од новата ерупција вклучуваат високи концентрации на вулкански гасови што се шират до 16 километри од отворот, како и пукнатини и лизгање на земјиштето околу калдерата Килауеа.

Exit mobile version