Украинскиот главен град Киев преживеа уште една пеколна ноќ под масовен руски оган. Во комбиниран напад со 18 балистички ракети и рекордни 293 дронови „Шахед“, Русија успеа да го остави речиси целиот град без струја и вода, токму во моментите кога температурите се спуштаат до екстремни минус 22 степени.
Според државниот оператор „Укренерго“, дури 70% од Киев е во целосен мрак. Покрај главниот град, тешко се погодени и предградијата Буча, Хостомел и Ирпин. Првите експлозии се слушнале околу еден часот по полноќ, а нов бран детонации го потресе градот утрово во 08:30 часот.
„Русите се обидуваат да го исклучат градот и да ги принудат луѓето да се иселат“, изјави Виталиј Зајченко, директор на „Укренерго“. Ситуацијата е критична и во Харков, каде загинаа четири лица, а 6.000 објекти останаа без струја. Поради енергетскиот колапс, големите супермаркети почнаа да ги затвораат своите врати за граѓаните.

