Киднапирањето на ова момче ја крена БиХ на нозе: Го заробиле две девојки кои го дрогираат

Откако семејството на Елведин Хамзиќ од Живиница пријавило во Аваз.рс дека две девојки го „киднапирале“ ова момче, се појавиле нови информации во врска со неговото исчезнување.

Како што пишува Аваз, наводно поранешната девојка на ова момче лажирала бременост.

„Тие него го држат во куќа во Дубрава. Го дрогираат и му даваат алкохол. Не можеме да ја најдеме куќата. Кој и да прашаме ни вели: „Не не интересира, таа е бесрамница“. Неоја девојка, веројатно неговата поранешна, што знам, рекла дека е бремена од него, а тој тврди дека не е “, рекол извор за Аваз.

Хамзиќ од Живиница исчезнал на 13. јануари. Во полицијата нема никаква пријава за неговото исчезнување.

„Него го киднапираа две бесрамнички. Го чуваат затворен, го дрогираат и не сакаат да го пуштат. Јас му се јавив, разговарав со него. Тој едвај зборува колку е измачен. Повикавме полиција, но не реагираат. Ќе видиме што ќе биде со него. Ќе се јавиме повторно во полиција да ни помогнат да го спасиме“, рекла роднина на Елведин за Аваз, кој тврди дека тие две го чуваат затворен и не му даваат на момчето да се врати дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега