Киднапирана девојка од Италија пронајдена во стан во Охрид - 2 лица уапсени

 

Рано утринава во 04:00 часот во Полициската станица Карпош, 49-годишниот В.Ѓ. од Скопје пријавил дека 26-годишната П.М.Д. од Република Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од 19-годишниот С.С. од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Република Италија, информираше МВР.

-Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. „Партизанска“ во Охрид, сопственост на 60-годишниот Л.С. од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид. За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави - соопштија од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега