Кичеец летал со Мерцедесот и претекнал на полна лента - ОЈО со детали за сообраќајка во која загина едно лице

Зоран Милески Кичеец ќе одговара за сообраќајката која ја предизвикал бидејќи според соопштението кое вечерва го испрати Обвинителството тој на Стража претекнувал на полна лента. Во сообраќајката едно лице го загуби животот.

– На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил „Санг Јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „Мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „Санг Јонг“. Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „БМВ“ кој бил претекнуван. Во несреќата, животот го загубил сопатник во автомобилот „Санг Јонг“, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобиле со телесни повреди, стоеше со соопштението на ОЈО.

Судијата на претходна постапка го прифатил барањето на обвинителството и на Киччец му одредил мерка притвор во траење од 30 дена по што тој вечерва е упатен во истражниот затвор во Шутка.

07.09.2021 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега