ЈП „Комунална хигиена“ – Скопјe (КХС) потврдува дека платите на вработените се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување. КХС е посветена на навремена исплата на плати за вработените, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопјe.

Институции раководени од кадри на ВМРО и други — не добиле плати повеќе од три месеци. На пример, во Ј.К.П Пехчево, Јавно комунално претпријатие Тетово, Јавно комунално претпријатие С. Врапчиште, Јавно комунално претпријатие Комуналец – Градско, Јавно претпријатие Миравци, Ј.П Равен Пехчево, Погребни услуги ЈП Охрид – Охрид, Хигиена Ј.П. С. Чегране доцнат со платите, но истиот синдикат кој е политички инструментализиран не протестира во тие претпријатија бидејќи тоа ќе им наштети на ВМРО и ВЛЕН.

КХС е загрижен дека се во тек напори за организирање и спроведување протести само поради петдневно задоцнување во исплатата на платите на КХС, што е СМЕШНО.

КХС, исто така, ја известува јавноста за деценискиот финансиски проблем поради кој во последните 30 години КХС работи со долгови поради  тоа што Министерството за здравство му должи над 5 милиони евра. Овој неплатен долг директно влијае на ликвидноста на КХС; доколку Министерството за здравство го исплати долгот во целост, КХС ќе може да гарантира дека платите никогаш нема да доцнат, дури ни за еден ден.

Нашите вработени испорачуваат основни услуги за градот а сме постојано саботирани од луѓе од власта. Ние ги исплаќаме платите на време и ќе продолжиме да го правиме тоа. Апелираме до Министерството за здравство веднаш да го исплати долгот од 5 милиони евра, за да не може никаков надворешен притисок или политичка акција да ја загрози егзистенцијата на нашите вработени.

Exit mobile version