Кежаровски до Јанакиески: Жалам за се што ви се случува

Новинарот, Томислав Кежаровски, кој беше осуден на 4 и пол годишна затворска казна за наводно оддавање идентитет на заштитен сведок, сочувствува со зборовите на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е возатвор и вчера рече „Ова не е живот“.

„Без оглед на тоа што овие неколку редови можеби не ќе стигнат никогаш до вас, јас, првенствено како човек, морам да Ви кажам неколку работи…“, му пишува Кежаровски на Јанакиески.

„Не се слагав со Вас за многу нешта, а искрено и не Ви верував. Речиси ништо. На пример, не се слагав со “големата политика” што ја водеше Владата во која бевте министер, признавам дека баш ништо не му верував на “реформаторот” кој ни даваше превртена слика како во огледало и кој фрлаше сосем поинакво светло, а обичните луѓе ги ставаше во десети план… не верував ништо ниту за “Скопје 2014”…
Не верував господине Јанакиески во тоа што го правите и како го правите зошто ги познавав тие што беа во врвот.
Но, морам да истакнам дека за едно Ви верувам… И се колнам дека многу, многу Ви верувам…
Ви верувам кога велите дека тоа таму каде што моментно сте не е живот.
Тоа таму пријателе знам од лично искуство е под секое човечко достоинство.
Мене лично, не навлегувајќи во тоа дали сте сториле нешто или не, и дали ако нешто сте сториле тоа било ваша желба или само слепо сте ги почитувале наредбите на тие што биле погоре од вас во политичката хиерархија, на кои за жал многу им верувавте, Вашето одење таму не ми значи ама баш ништо.
Ниту Вашето ниту на било кого.
Без оглед на сета болка што ја чувствувам сите овие години
Вие големците, сите до еден, од тоа време, молчевте на многу неправди ама јас, не јас, туку ние, обичните луге, ја осудуваме секоја неправда, го осудуваме секое насилство и зло.
Пријателе, со чисто срце сакам да кажам дека изразувам големо жалење за се што Вам И на Вашето семејство Ви се случува“, пишува новинарот.

Јанакиески неделава беше однесен во болница откако се пожалил на болка и му се влошила состојбата.

Директорот на билницата за Сител потврди дека Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите, апо направеното ехо, лаботаториски анализи и снимање на рендген и преглед од уролог, примил терапија.

Затворската полиција потоа го вратила назад во затворот во Шутка.Вчера неговиот адвокат кажа дека состојбата му се влошува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега