Кетрин Зета-Џонс ја откри тајната за нејзината витка фигура

Кетрин Зета-Џонс е внимателна со нејзината исхрана за да изгледа добро како пред 30 години кога ја започна својата кариера.

51-годишната актерка, која ги има Дилан (20) и Керис (17) со нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, вели дека не се занесува со слатки и дека „јаде само вистинска храна“ затоа што мора за да ја задржи фигурата.

„Мојот сон е да ждерам колачи и слатки кога ќе бидам навистина стара,“ вели sвездата на „Зоро“ во интервју за „Волстрит журнал“.

„Кога навистина ќе остарам, ќе почнам да земам многу витамини затоа што сакам да можам да јадам десерт до крајот на мојот живот.“

„Јас всушност јадам вистинска храна само затоа сега морам да го правам тоа,“ се пошегува таа.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега