Кекеновски го даде Законот за јазици на Уставен суд

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и дрско го донела Законот со кршење на Уставот, законите и собранискиот деловник, а спорно е и тоа што Законот не бил донесен со двотретинско мнозинство.

„Мислам дека Законот е усвоен со недеоволен број гласови. Требало двотретинско мнозинство, а не 69 гласа ‘за’“, рече Кекеновски.

Додаде дека со законот се врши повреда на владеењето на правото, а Уставниот суд мора да има во предвид и дека законот не е потпишн од претседателот, како мнгогу други закони кои не влегеле на сила во ваква ситуација.

Кекеновски бара до донесувањето на конечната одлука по иницијативата, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршување на поединечните акти или дејствија што се преземаат во моментов врз основа на Законот, а како аргумент ги посочува финансиските импликации кои според него може да предизвикаат последици што понатаму би било тешко да се отстранат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега