Кејтлин Џенер пред нервен слом: Се шета во џунгла со црно бикини - сите се загрижени за неа

Кејтлин Џенер (70), таткото на Кендал и Кајли и поранешниот сопруг на Крис Џенер, кој го промени полот во 2015-та година, стана дел од новата ријалити програма „I’m A Celebrity... Get Me Out of Here“, кој се емитува во Австралија.

Кејтлин морала да се пресели во австралиска џунгла, а за малку и да го напушти шоуто после само 24 часа.

Иако со години беше пред камерите поради ријалити „Во чекор со Кардашијанките“, Кејтлин не се носи добро со дивината и кандидатите во новиот проект, иако се зборува дека продуцентите ѝ платиле огромна сума за да влезе во емисијата.

Џенер утрото го поминала во солзи, додека другите натпреварувачи спиеле, а потоа прва го тестирала импровизираниот туш во бикини.

„Не се чувствувам добро овде. Ме боли главата. Имам 70 години и време е да се запрашам дали воопшто треба да бидам тука. Дали тоа е добра идеја или подобро е веднаш да се вратам дома и да поминам време со своите внуци“, се пожалила отворено Џенер.

Да потсетиме, последното шоу кое Кејтлин го снимала, било со поранешниот сопруг на Крис Џенер (64) и останатите членови на семејството, а оттогаш многу работи се промениле, па така и нејзиниот однос со семејството.

Кејтлин наводно прифатила да учествува во австралиското ријалити, само за да се тргне од САД, каде во последно време не се чувствувала добро и смета дека премногу луѓе ја осудуваат поради нејзините постапки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега