Кејт добила посебен роденденски поклон од Меган - односите им се подобруваат

 

Војвотката од Кембриџ пред неколку дена го прослави 39-от роденден во кругот на најблиското семејство. Кејт од страна на сопругот Вилијам наводно добила обетки со дијаманти и сафири, но ја изненадил поклон кој дошол преку пошта.

Британските медиуми пишуваат дека Кејт од Меган Маркл добила посебен поклон со што и односите меѓу принцевите парови значително се подобруваат.

Мирор пишува дека Кејт била воодушевена од поклонот на Меган кој бил многу креативен, иако во јавноста засега не е познато што војвотката од Кембриџ добила.

Кејт воопшто не ни очекувала поклон од Меган.

Роденденската забава всушност била обична чајанка со сопругот и децата. А оваа година Кејт и Вилијам ќе прослават 10-годишнина од бракот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега